Дане Крапчев 27

Subzy.mk

Креирај го својот совршен сендвич !
‏‏‎ ‎‏‏‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎Достава‏‏‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎ ‎
Подигни од локал

Subzy.mk

Која е нашата идеја?

Subzy е отворен на 15.08.2018 во Центар, Скопје. Идејата на Subzy e сам да си го креираш својот совршен Premium сендвич, кој ние најбрзо што можеме ќе ви го донесеме на вашата адреса. По долго истражување на пазарот установивме дека голем дел на Скопјани нема каде и што разновидно да јадат во утринските часови, како и за време на паузата од работа. Во Subzy за уживањето на конзументите да биде уште поголемо, се потрудивме и успеавме сами да го печеме нашиот багет секој ден, секое утро. 

За оние кои повеќе внимаваат на својот изглед ги имаме и разните салати на нашето мени. Поради зголемената побарувачка нашиот прв локал ни стана многу тесен и затоа на 26.05.2020 година решивме да се пришириме и го отворивме нашиот втор поголем локал кој го носи името S.B.C. by SubzY и истиот се наоѓа во Дебар Маало. Нашето ново име претставива скратеница  од првите три букви SUB, BURGER & CLUB sandwiches. Со ова и нашето мени денес е доста проширено за да имате уште поголем избор. Се надеваме дека до сега успеавме да ги задоволиме вашите очекувања и ќе се потрудиме така да биде и во иднина, зошто тоа е она што не прави среќни.

Достава

Доставата е бесплатна за нарачки над 250 денари за Центар, Карпош и Капиштец. За сите останати општини бесплатна достава за нарачки над 500 денари !

Контакти

Мобилен телефон: 071 328 554

Фиксен телефон: 023228044